НАТО планира да ја разгледа „можната нуклеарна закана од страна на Русија“

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО планираат на состанокот во февруари да ги разгледаат прашањата кои се однесуваат на потенцијалните нуклеарни закани од страна на Русија.

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО планираат на состанокот во февруари да ги разгледаат прашањата кои се однесуваат на потенцијалните нуклеарни закани од страна на Русија. 

Советувањето ќе се случи во рамките на „групата за нуклеарно планирање на Алијансата“ со учество на шефовите на одбранбените ресори на сите земји на НАТО освен Франција.  Основна тема ќе бидат летовите на руските стратешки бомбардери кои можат да носат нуклеарно оружје во близина на воздушниот простор на земјите од источна и северна Европа, кои зачестија во последно време, пренесува „Дојче веле“. 

Во седиштето на НАТО исто така се подготвува извештај во кој ќе бидат анализирани можните закани. На февруарскиот состанок министрите треба да разгледаат какви последици од таа руска закана можат да имаат по нуклеарната стратегија на Алијансата. Со Франција, која не е членка на групата за нуклеарно планирање, подоцна ќе бидат одржани одвоени разговори.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.