Украина во декември 2014 година првпат го скрати уделот на рускиот гас во гасниот биланс на земјата до 33 проценти и е способна да го намалува и понатаму. Ова го изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук на седница на владата, пренесува „Интерфакс“.
Шефот на украинската влада смета дека продолжувањето на Русија со сегашната политика може да доведе до целосно откажување од увоз на руски гас. „Доколку (Русите) се однесуваат така како што се однесуваат, тие дефинитивно ќе го загубат украинскиот пазар. Затоа се обраќаме до Русите да бидат многу балансирани во сите изјави, затоа што ситуацијата на светскиот пазар на енергенси е кардинално променета“, изјави тој.
Јацењук подвлече дека Украина не бара попуст, туку предлага во врска со гасот раководење според пазарот. Претходно првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер изјави дека важноста на зимскиот пакет попусти за Украина за испорака на руски гас ќе престане од 1 април. Тој исто така соопшти дека руската компанија писмено го известила „Нафтогас на Украина“ за долгот од 2,44 милијарди долари.
Во јуни 2014 година „Нафтогас на Украина“ поднесе тужба против „Гаспром“ во Арбитражниот суд во Стокхолм. Украинската компанија бара воспоставување фер и пазарна цена за гасот што го испорачува „Гаспром“ во земјата. Исто така Киев има намера да бара од „Гаспром“ преплата за гасот што рускиот монополист му го испорачуваше на „Нафтогас на Украина“ од 2010 година. Според оценките на украинската компанија таа изнесува 6 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче