Западен аналитичар: Русите не се грижат поради економските санкции

Економските санкции и растот на цените не предизвикаа сериозни грижи кај Русите, иако тоа беше главната цел на западните политичари, пишува France Presse.

Надежите на западните политичари дека економската криза во Русија ќе ја наруши довербата на Русите во власта не се оправдаа, пишува аналитичар на France Presse, додавајќи дека руските потрошувачи се апсолутно спокојни и оптимистично гледаат на иднината.

Што се случуваше со руската економија во 2014?

Ембаргото кое го воведе Русија како одговор на санкциите стана причина за исчезнување од продавниците на многу производи на кои се навикнаа Русите, но и тоа не стана причина за загриженост кај жителите на Русија, пишува AFP.

И покрај тоа што цените на местото, рибата, зеленчукот пораснаа за 20%, руските потрошувачи тоа го сметаат за привремена појава и со оптимизам гледаат на ситуацијата. „Ние толку многу нешта претходно преживеавме, и знаеме дека сѐ ќе биде во ред. Ние сме силни и знаеме како да се бориме со тешкотиите - тоа нам ни е во крвта“, изјави жителка на Русија за AFP, додавајќи дека наглите промени на цените во продавниците не се рефлектирале на односот на жителите на Русија кон власта.

И покрај очекувањата на Западот, повеќе од 70% од анкетираните Руси изјавиле дека би гласале за Владимир Путин доколку се кандидира за нов мандат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња