Пушков: Киев ги возобнови борбите за да предизвика студена војна меѓу ЕУ и РФ

Претходно МНР на Русија забележа дека акциите на украинската армија во Донбас се поврзани со состанокот на Советот на ЕУ на 19 јануари.

Решението Киев да ја возобнови борбената операција во Донбас на само ден пред одржувањето на состанокот на Советот на ЕУ - е само за да се подигне „бран на хистерија“ и да се вовлече Европа во студена војна со Русија, смета шефот на комитетот за меѓународни прашања во Државната дума на Русија Алексеј Пушков.

Претходно МНР на Русија забележа дека акциите на украинската армија во Донбас се поврзани со состанокот на Советот на ЕУ на 19 јануари.

Киев во недела започна со стрелање врз Донецк и призна дека војската извршува операции во тој реон. Како резултат на борбите оштетени се куќи и згради, комуникациите и градската инфраструктура. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња