Европската унија може значително да ги намали санкциите против Русија и да започне преговори по цел список прашања доколку Русија се реши да ги нормализира состојбите во Украина. Ова го пишува Wall Street Journal, повикувајќи се на документ подготвен во Брисел за средбата на министрите за надворешни работи на државите на ЕУ, која треба да се одржи на 19 јануари.
Според информацијата на медиумот, во документот се поставува прашањето за „поактивната позиција на ЕУ околу Русија“. „Овој процес треба да се спроведува постепено, заедно со позитивните дејства од страна на Русија“, се кажува во документот.
Документот предлага и разделување на санкциите против Русија на две групи: оние поврзани со Крим, и оние кои се поврзани со ситуацијата на истокот на Украина. Според Wall Street Journal, воопшто нема да стане збор за засилување на санкциите.
Во документот се зборува и за можност а за зацврстување на врските во три области со РФ: во надворешната политика, трговијата и индустријата. Освен тоа, се напомнува и можно воспоставување врски со Евроазиската економска унија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче