Медиум: Британците го сметаат тенкот Т-14 „Армата“ за револуционерен

Целосно опремениот „Армата“ дефинитивно вреди за цената како тенк од најреволуционерната генерација, истакнува военото разузнавање на Велика Британија.

Британското военото разузнавање го смета рускиот тенк Т-14 на платформата „Армата“ за најреволуционерен во светското производство на тенкови за изминатите 50 години. Ова го објавени на својот веб-сајт весникот „Сандеј Телеграф“.

„Без претерување, „Армата“ е најреволуционерниот чекор во производството на тенкови во последниот половина век“, цитира изданието документ на разузнавањето кој го има на располагање. Целосно опремениот „Армата“ дефинитивно вреди за трошоците како тенк од најреволуционерната генерација, истакнува военото разузнавање на Велика Британија“, - се вели во документот на заклучокот. Во исто време, британските воени експерти се прашуваат за ревизија на концептот во рамките на кој тенкот „Челинџер 2“ ќе остане во вооружувањето на земјата до 2035 година.

Според весникот, во извештајот се истакнува дека документот не може да се користи како официјална изјава на Министерството за одбрана на Велика Британија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња