Украинската страна тешко дека ќе се согласи да го исплати заемот од три милијарди долари доколку Русија побара од неа да го направи тоа предвреме. Киев во моментов и онака не ги исполнува обврските околу транзитот на гас и негово плаќање, изјави за РИА Новости првиот заменик претседател на Државната дума за буџет и даноци, Оксана Дмитриева.
Министерот за финансии на Русија Антон Силуанов во саботата соопшти дека Украина ги нарушила условите за заемот од 3 милијарди долари од Русија со тоа што нејзиниот државен долг надминал 60% од БДП, со што Москва има основа да побара од Киев предвремено исплаќање на заемот.
Претходно извор во руската влада изјави дека цел список услови за одобрување на заемот се нарушени.
„Што се однесува до меѓудржавните заеми, безусловно сите тие, на еден или друг начин, имаат политичка позадина. И никакви мотиви за понатамошно кредитирање на сегашната украинска влада нема“, изјави Дмитриева.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче