Првиот заменик раководител на фракцијата на „Единствена Русија“ Франц Клинцевич смеета дека „нечовечкиот и варварски“ терористички напад во Париз, кој се случи во редакцијата на сатиричниот неделник Charlie Hebdo, е провокација со намера да се иницираат деструктивни социјални процеси во Европа.
Како резултат на нападот во средата на редакцијата Charlie Hedbo во Париз загинаа 12 лица, а повеќе од 20 беа ранети.
„Нечовечкиот и варварски терористички напад е голема провокација со цел да се создадат деструктивни процеси во Европа. Тоа е снежна топка која понатаму може да расте“, изјави Клинцевич за РИА Новости.
„Имаме работа со тероризам. Тоа не се религиозни фанатици, тоа е сериозен терористички напад. Треба да се замислиме околу тоа што се случува“, подвлече парламентарецот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.