Администрацијата на САД смета дека Русија не ги извршува своите обврски околу Украина, изјави официјалниот претставник на Белата куќа Џош Ернест.
„Веднаш откако Русија ќе ги исполни своите обврски, претседателот Барак Обама ќе започне со укинување на санкциите“, забележа Ернест.
Тој напомна дека при потпишувањето на законот за санкции кон крајот на минатата година, Обама изјавил дека не гледа неопходност за негова брза имплементација.
„Што подолго Русија нема да ги исполнува своите обврски, толку е поголем ризикот дека земјата ќе се судри со нови санкции“, додаде претставникот на Белата куќа. Меѓу главните дејства кои Вашингтон сака Москва да ги исполни е „прекин на воената помош за сепаратистите“.
Русија повеќепати изјави дека не учествува во случувањата на истокот во Украина и дека е заинтересирана Украина да ја реши политичката и економската криза.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче