„Ројтерс“ соопшти за клучната улога на Путин во одлуката на ОПЕК

Претседателот на Русија Владимир Путин ја одиграл клучната улога во постигнувањето на договорот за намалување на обемот на производство на нафта, пишува агенцијата „Ројтерс“.

Претседателот на Русија одигра клучна улога во донесувањето на компромисното решение за намалување на обемот на производството на нафта на самитот на ОПЕК во Виена, соопштува агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на извори во организацијата.

Се истакнува дека Владимир Путин дејствувал како посредник меѓу Саудиска Арабија и Иран, кои долго време не можеа да најдат заеднички јазик во прашањето за регулирање на цените на нафтата. Важната улога која Русија ја одиграла во склучувањето на договорот сведочи за нејзиниот повеќекратно зголемен авторитет на Блискиот Исток, потенцира агенцијата.

Според „Ројтерс“, рускиот претседател разговарал за перспективите на договорот со саудискиот принц уште во септември на самитот на Г-20 во Кина. Тогаш, во септември, земјите на ОПЕК на неформалниот состанок во Алжир се договорија за ограничување на производството. Сепак, биле потребни дополнителни дипломатски напори да се договорат за конкретни лимити за секоја земја.

Камен на сопнување биле тензиите меѓу Саудиска Арабија и Иран. Техеран побарал обемот на неговата квота да дозволи да се врати на нивото на производство на нафта достигнато пред воведувањето на санкциите на Западот. Покрај тоа, учеството на двете страни во конфликтот во Јемен и традиционално лошите односи на арапската сунитска монархија и шиитската исламска република, исто така, му пречеле на успехот на преговорите.

Во пресрет на состанокот на ОПЕК немало значајни предуслови за да се осигура дека ситуацијата ќе се промени, сепак, посредувањето Путин помогнало Ријад и Техеран да постигнат компромис. За успехот во голема мерка придонеле телефонските разговори на рускиот лидер и иранскиот претседател Хасан Рохани. По нив, шефот на државата и министерот за нафта Сабах Зангане успеале да добијат дозвола од врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, и да направат некои отстапки, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на извор близок до иранскиот духовен лидер.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња