Вајц: дипломатските успеси на Русија ги ставаат на втор план санкциите на Западот

Русија создава алтернатива на политиката на САД на меѓународната арена преку привлекување на неколку клучни регионални играчи.

И покрај стремежот на Западот преку санкции и изолација да ја натера Русија да ја промени својата позиција околу украинското прашање, недамнешните дипломатски победи на рускиот претседател Владимир Путин ја прават западната стратегија да личи како да е „непотребна и несоодветна“, смета аналитичарот од Гудзоновскиот институт во Вашингтон Ричард Вајц.

Силната реторика на западните држави кон Русија и нејзиниот лидер, како и антируските мерки - не го спречија Владимир Путин да започне со неколку крајно важни проекти со државите кои имаат проблематични односи со Западот. Меѓу нив влегуваат Иран, Северна Кореја и Пакистан. Тоа доведе не само до зголемување на дипломатското влијание на Русија, туку и ја зголеми нејзината вредност во очите на најважниот партнер - Кина, забележува авторот.

Руската одбранбена индустрија се преориентира

Со Иран Русија создава заедничка банка која ќе им дозволи на компаниите да не зависат од западните валути или санкции во трговските односи, а освен тоа, двете држави ја развиваат соработката во областа на безбедноста, спроведувајќи заеднички воено-морски вежби. На овој начин сите обиди да се ослабат руско-иранските и руско-сириските односи не носат резултат, забележува Ричард Вајц.

Ноември донесе нови успеси за руската дипломатија во Пакистан. Сергеј Шојгу стана првиот министер за одбрана кој ја посетил државата од 1969 година досега. За време  на посетата шефовите на министрите за одбрана на Русија и Пакистан потпишаа рамковен договор за развој на понатамошната воена и воено-техничка соработка. Исто така државите се договорија за испорака на руски Ми-35 хеликоптери во Пакистан, се кажува во статијата.

Русија успеа суштествено да ги усложни дипломатските маневри на САД, бидејќи Москва создава алтернатива за клучните играчи во различни региони и им дозволува делумно да го надминат притисокот од Америка за редица прашања, на пример, во сферата на „мирниот атом“ или борбата против тероризмот, забележува Ричард Вајц. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.