Германски медиуми: На ЕУ ѝ е покорисно партнерството со Евроазиската унија отколку со САД

Трговската соработка меѓу Европската унија и Евроазиската унија не само што ќе го стимулира економскиот раст во Европа, туку и ќе доведе до појава на нови работни места во регионот, забележува Deutsche Wirtschafts Nachrichten.

Европската унија може да има далеку повеќе добивка од зближувањето со Евроазиската унија отколку со Трансатлантското трговско партнерство со САД, пишува германскиот весник Deutsche Wirtschafts Nachrichten.

Евроазија развива сопствена економија

Коментирајќи ги зборовите на постојаниот претставник на Русија во ЕУ Владимир Чижов, кој изјави во EUObserver дека наместо ЕУ да разговара со САД за создавање на Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство, треба да размисли за зближување со Евроазиската економска унија, германскиот весник изјави дека неговиот предлог е „интересен“.

Deutsche Wirtschafts Nachrichten напомнува дека за Европа извозот кон Истокот игра важна улога. ЕУ страда од санкциите против Русија и од руските контрамерки далеку повеќе отколку САД. Русија за ЕУ не е само „привлечен пазар“ - извозот овде служи како катализатор на економскиот раст во Европа, забележува весникот.

Освен тоа, договорот за слободна трговија со Евроазиската унија би довело до создавање на поголем број работни места во Западна Европа. Притоа, според независното истражување на кое се повикува Deutsche Wirtschafts Nachrichten, договорот за Трансатлантско партнерство со САД ќе биде причина за губење на околу 600.000 работни места во Европа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња