Во Астрахањската област ќе бидат тестирани роботизирани борбени системи

Во Астрахањската област на полигонот „Капустин Јар“ ќе биде спроведено сеопфатно тестирање на роботизираните борбени системи за потребите на Вооружените сили на Русија.

Во Астрахањската област на полигонот „Капустин Јар“ ќе биде спроведено сеопфатно тестирање на роботизираните борбени системи за потребите на Вооружените сили на Русија, меѓу другото, и на Ракетните сили за стратешки намени, пренесува агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на изјавата на портпаролот на Ракетните сили за стратешки намени на РФ Дмитриј Андреев.

„Полигонот овозможува максимално да се тестираат можностите на мобилните и стационарните системи, вклучувајќи ги и оние кои користат средства за детекција и сигнализација на далечина“, истакна мајор Андреев.

Претходно беше објавено дека руските Ракетни сили за стратешка намена кон крајот на април 2014 спровеле тестирање на роботизирани системи со митралези и фрлачи на мини. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња