Руското ембарго за увоз на производи предизвикува сериозни загуби на европските фармерски организации и претприемачи, пишува францускиот весник La Croix.
![]() |
Што се случуваше со руската економија во 2014? |
Од моментот на воведување на ембарго од страна на Москва, францускиот земјоделски сектор се наоѓа на „стаклени нозе“, забележува весникот. Во 2013 година Франција продала на Русија земјоделски производи во вредност од 750 милиони евра. Во моментов работниците во француските кланици не добиваат плата поради финансиските проблеми на претпријатијата кои директно се засегани од руското ембарго.
„Последиците од руското ембарго се големи. Овој дипломатски конфликт изврши сериозно економско влијание врз фармерскиот сектор. Во Русија досега се извезуваа околу 10% од сите земјоделски производи од Франција“, ги пренесува весникот зборовите на претседателот на Националната федерација на фармерски синдикати Ксавиер Белјан.
Според мислењето на Белјна, единствено што може да ја спаси ситуацијата денес е нормализирање на комерцијалните односи со Русија. „Не можам да ја претставам иднината на нашите претпријатија без соработката со Русија“, изјави Белјан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче