Санкциите на Западот против Русија и информативната војна против неа нема да помогнат во решавањето на кризата во Украина, се кажува во документ објавен на интернет-страницата на МНР на Русија.
„Обидите да се префрли врз Русија одговорноста за случувањата во Украина, како и воведувањето на еднострани санкции против неа и отворената информативна војна од страна на западните држави – не помагаат за разрешување на кризата“, забележува Министерството за надворешни работи на Русија.
„За излез од ќорсокакот се бара одговорност и готовност од сите инволвирани страни да ѝ помогнат на Украина да го преживее овој тежок период во нејзината историја, да се постигне мир и национален консензус, да се обезбеди државно уредување во кое Украинците ќе се чувствуваат најудобно, безбедно и достојно“, се подвлекува во документот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче