Претседателот на Русија Владимир апелираше да се избегне претераната „латинизација“ на рускиот јазик. Ова тој го изјави на заедничкиот состанок на Државниот совет и Советот за култура и уметност.
![]() |
Зошто да го учите рускиот јазик? |
„Кога човек доаѓа во некој град, веднаш може да забележи на кое ниво е културата на локалната управа кога на секој агол сите називи на различните установи и реклами се исклучително на латиница! Во која земја живееме? Сѐ треба да се прави одмерено“, заклучи Путин.
За време на заседанието Путин критикуваше одредени предлози, особено на лидерот на Либерално-демократската партија на Русија Владимир Жириновски, кој предложи сите позајмени зборови да се заменат со исконско руски. Така, на пример, претседателот на Русија не се согласува дека „гениј“ може да се замени со „талентиран човек“. Според зборовите на Путин, тоа не се апсолутни синоними, а освен тоа, зборот „талент“, судејќи по тоа што се појавува во Новиот завет, потекнува од јазик на едно од семитските племиња, каде означувал валута и мерка за тежина. „Изгледа ниту тој збор не е сосема наш“, додаде Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче