Првиот прототип на воено-транспортниот авион Ил-112В ќе биде создаден во 2016

Ил-112В е авион кој во целост ќе биде создаден од руски делови.

Првите два примерока од новиот лесен воено-траснпортен авион Ил-112В ќе бидат создадени во 2016 година, се пренесува на интернет-страницата на „Илјушин“.

Министерството за одбрана на Русија и „Илјушин“ склучија договор за создавање на Ил112В. „Во рамките на договорот се предвидува создавање на два авиона - еден за изведување на стратешки тестови, а вториот за спроведување на летни тестови. Завршувањето на изградбата на двата авиона се планира во 2016 година“, соопштено е од компанијата.

За создавање на овој авион ангажирани се околу 30 руски претпријатија и 50 испорачувачи.

Ил-112В е авион кој во целост ќе биде создаден од делови од руско производство. Предвиден е за транспорт на војници и лесна воена техника. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња