Кога Русија „кива“, „настинуваат“ и останатите републики на поранешниот СССР, пишува The Financial Times. Како што забележува весникот, минатата недела се случи пад на рубљата а веќе за една недела чувството на страв се прошири и во Минск, Бишкек и Душанбе.
![]() |
Путин: За економијата, политиката и кризата во Украина |
„Оваа слабост на рубљата предизвикува притисок и врз другите валути во регионот“, изјави Олег Кузмин од Renaissance Capital. Весникот забележува дека Русија има тесни економски врски со многу поранешни советски републики кои се крајно чувствителни кон проблемите во руската економија. Како што пренесува весникот, во многу држави во регионот нема доволно природни ресурси, и имаат ограничени валутни резерви во случај на криза.
Најзабележлив пример за ова е влијанието на падот на рубљата врз Белорусија. Претходно беше соопштено дека Минск воведе давачка при купување валута, мораториум на растот на цените и забрана за затворање на продавниците. Весникот додава дека властите во Централна Азија, на Кавказот и во Белорусија засега ги држат валутите под силна контрола, бидејќи курсот на повеќето од нив значително се намали во однос на рубљата од почетокот на годината. Некои држави, на пример, Казахстан, јавно изјавија дека падот на рубљата е предизвикан од „специфичните руски фактори“ и дека зависноста на казахстанската валута не треба да биде толку силна од рубљата како досега.
![]() |
Кои се првите резултати од падот на руската валута? |
Весникот додава дека последиците од падот на рубљата за поранешните советски републики има двојно влијание: стабилноста на националната валута помага да се одржи стабилноста во самата држава, но ја намалува конкурентноста на локалните компании во трговијата со Русија. Освен тоа, во статијата се пренесува дека силните колебања на курсот на рубљата се рефлектираат и на емигрантите кои работат во Русија и кои праќаат средства во своите земји, на пример, во Таџикистан и Киргистан.
И, секако, државите во регионот се економски поврзани со Москва, бидејќи руските компании се едни од најголемите инвеститори во тие земји, а во некои републики руските банки се најголеми кредитори, подвлекува весникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче