Претседателот на Комитетот во Државната дума за меѓународни односи Алексеј Пушов го предупреди белорускиот лидер на опасноста која ја носат пријателските односи со САД, потсетувајќи го на искуството кое го имаа лидерите кои беа симнати од власт во многу земји.
„Со САД пробаа да соработуваат Милошевиќ, Гадафи, Садам Хусеин. нивната судбина е позната. Сега САД му предлагаат на Лукашенко ’нови односи’. Тоа е опасно искуство“, напиша Пушков на својата Твитер страница, а пренесува порталот „Взглјад“.
Пушков минатата недела изјави дека САД имаат намера да го тргнат Александар Лукашенко од власт или да го завртат против Москва.
На состанокот со странските новинари на 17 декември Викторија Нуланд, заменик на државниот секретар на САД изјави дека САД се подготвени за дијалог со Белорусија и дека во последните неколку години Америка и Белорусија успеале да направат чекори кон зближување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче