Знаци за падот на рубљата може да се погледнат насекаде низ Москва, вклучувајќи ги и таблите на банките и менувачниците, како и во секој супермаркет и ресторан – цените растат постојано, пишува The Washington Post. Но Русите, како што изгледа, дури со „прст не мрднуваат“ поради тоа, забележува весникот. Нема масовно повлекување на заштедите од банките, ниту долги редици во продавниците, се кажува во статијата.
![]() |
Руската рубља ги преживеа двата најлоши дена во историјата |
Општо земено, Русите сметаат дека поминале и низ потешки времиња, па затоа не е важно кој е виновен за сегашната ситуација. Весникот ги пренесува зборовите на 51-годишната Светлана Ситова, која изјави дека „сѐ се менува“. „Но јас и понатаму ја поддржувам владата“, додаде таа.
Според зборовите на 76-годишната Ана Семјонова, Русите имаат „патриотски долг“ да плаќаат повеќе и да не се жалат. „Сфаќаме дека треба да ѝ се помогне на нашата држава и дека треба да ја поддржиме“, изјави таа.
Претходно беше соопштено дека Русите ги преплавиле продавниците барајќи начин да ги потрошат своите рубљи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче