Инвеститорите се плашат дека падот на цените на нафтата и курсот на рубљата во Русија ќе продолжат да влијаат негативно, но не само врз оваа земја, туку на светската економија, пишува The Guardian.
Претходно беше соопштено дека Централната банка на Русија ја покачи основната каматна стапка до 17% поради силниот пад на вредноста на руската рубља наспроти еврото и доларот.
Како што забележува британскиот весник, новото намалување на цените на нафтата ја прати рубљата во слободен пад, предизвикувајќи проблеми на финансиските пазари во Азија, Европа и Северна Америка. Инвеститорите започнаа да ги продаваат акциите и да ги проценуваат ризиците кои се поврзани со економската криза во Русија.
„Лоша вест за Русија е тоа што во блиска иднина не се очекуваат високи цени на нафтата“, изјави Нил Барнет од британскиот центар за политички истражувања. Според зборовите на експертот, ако се земе предвид растот на производството во САД и желбата на Саудиска Арабија да ги држи цените на нафтата на ниско ниво, најверојатно во 2015 година цените на нафтата дополнително ќе паѓаат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче