Во Русија до 2020 година ќе појави замена за ракетата „Сатана“

Во моментов се тестираат моторите за новата меѓуконтинентална ракета.

Командантот на Ракетните сили за стратешка намена генерал-полковник Сергеј Каракаев изјави дека во моментов се тестира моторот на новата тешка меѓуконтинентална балистичка ракета „Сермат“, која во иднина треба да ја замени „Сатана“, пренесува РИА Новости.

Создавањето на ракетниот комплекс „Сармат“ со мотор на течно гориво се одвива според планираното. Во моментов се тестира моторот и се создава нова база каде ракетата ќе биде тестирана“, изјави Каракаев.

Тој уточни дека ракетата се планира да биде завршена до 2020 година.

„Не се сомневаме дека оваа нова тешка ракета со погон на течно гориво ќе биде создадена до крајот на оваа деценија“, додаде командантот на Ракетните сили за стратешка намена. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња