Пушков: Обама започна да се сомнева во исправноста на политиката кон Русија

Претседателот на Комитетот на Државната дума за меѓународни прашања Алексеј Пушков смета дека претседателот на САД Барак Обама започнал да сфаќа колку е несоодветна политиката која се води кон Русија.

Претседателот на Комитетот на Државната дума за меѓународни прашања Алексеј Пушков смета дека претседателот на САД Барак Обама започнал да сфаќа колку е несоодветна политиката која се води кон Русија.

„Би сакал да верувам дека сомнежите за исправноста на политиката кон Русија, кои претседателот на САД за прв пат ги изрази, ќе помогнат посериозно да согледа колку е несоодветна политиката која се води кон Русија“, изјави Пушков, а пренесува ТАСС. „Доколку Обама навистина е мудар државник, тој ќе започне да бара алтернатива, бидејќи сегашната политика води само кон дополнителни заострувања“, истакна тој.

Рускиот парламентарец претпостави дека „администрацијата на Обама започнува да сфаќа дека еден дел од европските земји не ја поддржува политиката на санкции, и дека тоа може да предизвика најпрво скриен, а потоа видлив раскол во западната алијанса“.

Американскиот Сенат усвои закон со кој на американскиот претседател му се дава право да воведува нови санкции против Русија и да пружи воена помош на Украина. Меѓутоа, претседателот Обама изрази сомнеж во целисходноста на овој потег. „Според мене погрешно е да се смета дека можеме постојано да воведуваме санкции, бидејќи на крај Путин нема да го промени својот став“, ги пренесува РИА Новости зборовите на Обама. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња