Горбачов ги повикува Русија и Западот да одржат самит

Според зборовите на политичарот, државите треба да се вратат и да работат на решавање на глобалните проблеми.

Поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов излезе со предлог до властите на Русија и западните држави да се одржат самити меѓу Русија и Западот. Целта на овие самити би било „рестартирањето“ на односите, напиша Горбачов во „Росијска газета“.

Михаил Горбачов: Јас сум против било какви ѕидови

„Сметам дека лидерите на Русија и САД треба да размислат за одржување самит со широк спектар на прашања за кои треба да се разговара и без поставување предвремени услови. Треба да се разговара за сите проблеми и проблеми во односите. Сепак, овие држави носат посебна одговорност. Кога тие ја игнорираат одговорноста, светот се судира со тешки последици“, изјави Горбачов.

Според зборовите на политичарот, државите треба да се вратат и да работат на решавање на глобалните проблеми, како и да разговараат за идејата која се појави во почетокот на 90-те за создавање на Совет за Безбедност за Европа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња