Јункер ја нарече Русија „стратешки проблем“ на Европската унија

Соопштено е дека ЕУ и Бугарија заедно ќе ги решаваат прашањата околу „Јужен тек“.

Шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер ја нарече Русија „стратешки проблем“ на Европската унија за време на средбата со премиерот на Бугарија Бојко Борисов, пренесува France-Presse.

„Русија во моментов е стратешки проблем, но се надевам дека ќе остане да биде стратешки партнер“, изјави Јункер.

„Што се однесува до Јужен тек, Европската унија и Бугарија заедно работат на решавање на останатите прашања. Треба да го направиме она што е најдобро за Бугарија и Европа. Бојко Борисов и јас ќе пронајдеме решение. Јужен тек би можел да биде изграден. Условите одамна се јасни“, изјави Јункер.

Претседателот на Европската комисија додаде дека Европската унија ги презема сите потребни чекори за да ги подобри односите со Русија, но очекува и соодветни чекори од страна на Москва. „Русија е на потег. Ние сме подготвени“, изјави Јункер, а пренесува РИА Новости. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња