Фрадков ги обвинува САД и западните инвестициски фондови за напад врз рубљата

Претседателот на Русија Владимир Путин претходно во своето обраќање во Федералното собрание ја повика Банката на Русија и Владата да ги казнат шпекулантите кои заработуваат на осцилациите на курсот на рубљата.

Шефот на Надворешната разузнавачка служба на Русија ги обвини САД и западните финансиски институции дека вршат напад врз руската валута и учествуваат во намалувањето на цената на нафтата.

Како реагираат Русите на падот на рубљата?

Во интервју за агенцијата „Блумберг“ шефот на Надворешната разузнавачка служба и поранешен премиер на Русија Михаил Фрадков изјави дека Западот и неговите сојузници се обидуваат да ја ослабат Русија преку воведување санкции и вршење притисок врз курсот на рубљата и цената на нафтата, пренесува РБК. Причина за падот на цената на нафтата, според неговите зборови, делумно се акциите на САД, додека странските инвестициски фондови преку посредници учествуваат во шпекулациите околу вредноста на рубљата.

Претседателот на Русија Владимир Путин претходно во своето обраќање во Федералното собрание ја повика Банката на Русија и Владата да ги казнат шпекулантите кои заработуваат на осцилациите на курсот на рубљата.

„Властите знаат кои се тие шпекуланти. Постојат и инструменти врз нив да се влијае. Дојде време тие инструменти да се искористат“, изјави Путин, но не наведе за какви инструменти станува збор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња