Според анкетата извршена од Левада-центарот, повеќето Руси би сакале да го видат Владимир Путин на позицијата претседател по 2018 година, пренесува „Интерфакс“.
![]() |
Зошто во Русија се засилија патриотските чувства |
На прашањето „дали би сакале да го видите Путин на позицијата претседател на Русија по истекот на неговиот претседателски рок?“, 58% од испитаниците одговориле потврдно. 19% од испитаниците одговориле одречно, а 22% не дале одговор.
Се забележува дека пред една година на истото прашање 33% од Русите одговориле потврдно, а дури 45% одречно.
Само 34% од испитаниците веруваат дека во Русија во следните четири години ќе се појави лидер кој е способен да го замени Путин, а 31% не веруваат дека ќе се појави таков човек, додека 35% немаат одговор.
Дејствата на Путин како шеф на руската држава ги поддржуваат 72% од испитаниците, а 13% не ги поддржуваат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче