Министерство за финансии на РФ: рускиот БДП во 2015 ќе забележи пад од 0,8%

Се очекува пад на економијата од 0,8%.

Министерството за финансии на Русија се согласува со прогнозата на Минситерството за економски развој во врска со динамиката на растот на БДП за 2015 година, пренесува „Газета.ру“, повикувајќи се на директорот на одделот за долгорочно стратешко планирање, Максим Орешкин.

Одлуката на ОПЕК влијаеше на руската економија

„Во 2015 година очекуваме намалување на БДП за околу 0,8%. Доколку се оствари позитивното сценарио, т.е. ако барел нафта чини 80%, тогаш растот на економијата ќе изнесува 2,5% до 3%. Доколку се оствари песимистичното сценарио, тогаш економијата на Русија исто така ќе покаже раст, но истиот ќе биде многу низок“, изјави тој.

Министерството за финансии смета дека санкциите ќе останат на сила и во 2015 година. Во случај истите да бидат укинати, нагло подобрување на ситуацијата не се очекува. „Промените ќе бидат постепени. Ќе бидат потребни година до две за да се вратат нормалните процеси“, смета Орешкин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња