Руската корпорација „Росатом“ во 2015 година ќе започне со изградба на нуклеарната централа Акују во Турција, пренесува ТАСС, повикувајќи се на шефот на корпорацијата Сергеј Кириенко.
„Денес официјално беше дадена дозвола од страна на турското министерство за екологија“, забележа Кириенко.
Освен тоа, шефот на „Росатом“ додаде дека изградбата на централата ќе започне во март 2015 година.
Претседателот на Русија Владимир Путин потврди дека Русија ќе стане сопственик на нуклеарната централа „Акују“, која треба да се изгради на територијата на Турција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче