Западни медиуми: шефот на Пентагон не доби одговор од Белата куќа околу планот за спротивставување на Путин

Чак Хејгел е разочаран од носењето решенија на Белата куќа околу Русија.

Шефот на Пентагон Чак Хејгел не дочека одговор од Белата куќа за својот план за спротивставување на претседателот на Русија Владимир Путин, пишува The Wall Street Journal, повикувајќи се на извори. Се напомнува дека два месеца до својата оставка Хејгел испратил во американската администрација писмо во кое тој ги опишува новите мерки за „запирање на Кремљ од преземање поактивни чекори за деморализирање на европските сојузници“.

Веднаш после септемвриското писмо Хејгел испрати уште едно писмо во кое ја повика Белата куќа да се изјасни за својот приод кон конфликтот во Сирија, се кажува во статијата. Како што забележува весникот, овие две писма биле врвот на разочарувањата на шефот на Пентагон, кој, според зборовите на поранешните и сегашните чиновници кои работат со него, постојано го критикувал за „нерешителност“ советот за национална безбедност.

Весникот исто така го насочува вниманието на тоа дека Хејгел „не бил сам“ во разочарувањата и „бавното носење решенија“ од страна на Белата куќа. Со проблемите на „микроменаџментот“ на министерството за одбрана се судриле непосредно и двајца негови претходници – Леон Панета и Роберт Гејтс.

Претходно шефот на Пентагон го известил Обама дека заканата од Русија е далеку поголема од заканите кои доаѓаат од исламистите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња