Делегации на Русија, Саудиска Арабија, Мексико и Венецуела ќе спроведат преговори во Виена околу ситуацијата на енергетскиот пазар, соопшти шефот на МНР на Венецуела Рафаел Рамирес, чии зборови ги пренесува ТАСС.
„Ќе разговараме за ситуацијата на пазарот на нафта и мерките кои треба за да се координираме“, изјави тој, подвлекувајќи дека ова е прва ваква средба за ова прашање и во овој состав.
Во рамките на преговорите министерот за нафта на Саудиска Арабија Али ан Нуајми ќе се сретне со делегациите од Русија, Венецуела и Мексико за да разговара за тековната пазарна ситуација и мерките за поддршка на цените на нафтата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче