Експертите од компанијата Symantec предупредија дека постои хакерска програма со име Regin, која е насочена првостепено против телекомуникациските компании на Русија и Саудиска Арабија, пишува The Financial Times. Според информацијата на специјалистите, во листата на „жртви“ влегуваат и фирми од Мексико, Ирска и Иран.
Весникот додава дека овој софтвер потсетува на вирусот Stuxnet, кој ги натера повеќе нуклеарни објекти во Иран да ги исклучат своите капацитети, а кој беше создаден од американските и израелските специјалисти. Во Symantec сметаат дека Regin е создаден од некоја западна служба, додавајќи дека Regin веќе има пристап до серверите за размена на пораки во Microsoft и мобилните телефони во големите меѓународни мрежи.
Орла Кокс од Symantec го нарече Regin еден од „најдобрите примери на хакерски софтвер“, и не исклучи дека создавањето на овој вирус им одзело на создавачите месеци, а можеби и години.
Извор од западните специјални служби подвлече дека е рано за да се носат заклучоци за потеклото или целта на Regin.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче