Србија не сака да изврши економско самоубиство со раскинување на врските со Русија, изјави во Белград шефот на српското МНР Ивица Дачиќ, а пренесува РИА Новости.
„Се надевам дека Србија нема да се најде во ситуација да решава: или Брисел, или Москва“, изјави Дачиќ. Сепак, тој призна дека Србија треба да ја усогласи својата надворешна политика и политика за безбедност со европската како иден кандидат за член во Европската унија.
„Ние се согласуваме со сѐ, освен со едно - санкции против Руската Федерација“, изјави шефот на руското МНЕ, подвлекувајќи дека позицијата на Србија околу Русија не е променета, како и позицијата околу ЕУ.
Претходно еврокомесарот за европска политика на соседство и преговори за проширување Јоханес Хан изјави дека Србија треба да ја усогласи својата позиција со ЕУ околу потешките прашања, како, на пример, санкциите против Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче