МНР на РФ: Грибускајте ги надмина дури и изјавите на национал-екстремистите во Киев

Изјавите на литванската претседателка „само го отежнуваат пронаоѓањето начин за регулирање на украинската криза“.

Зборовите на претседателката на Литванија Далја Грибускајте, која ја нарече Русија „терористичка држава“, ги надминаа дури и изјавите на национал-екстремистите во киев, смета официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија Александар Лукашевич, пренесено е на интернет-страницата на МНР на Русија.

„Таа исто така директно повика на поддршка, меѓу другото и воена, за моменталниот украински режим, изјавувајќи дека ’агресијата на Русија’ може да се прошири низ цела Европа и подалеку доколку не се направи нешто“, изјавено е во МНР на РФ.

„Литванската претседателка треба да ’се приземји’, да нема комплекси поради своето ’советско минато’, поради кое сака да биде поголем католик и од папата“, соопштено е во МНР на РФ.

Според мислењето на Лукашевич, изјавите на литванската претседателка „само го отежнуваат пронаоѓањето начин за регулирање на украинската криза“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња