Финска ќе изгуби до 30% од руските туристи за новогодишните празници

Рускиот турист во просек троши повеќе од европскиот турист во Финска.

Финска ќе изгуби од 20% до 30% од руските туристи за новогодишните празници, прогнозира регионалниот директот на националниот центар за туризам Visit Finland, Арто Асикајнен, а пренесено е на интернет-страницата на Асоцијацијата на туристички агенции на Русија.

Според зборовите на Асикајнен, бројот на руски туристи во Финска годинава е намален за 11% во споредба со 2013 година. Се забележува дека падот е позабележлив во последниве месеци. „Колебањето на курсот на рубљата доведе до намалување на патувањата во Финска“ појасни претставникот на Visit Finland.

Сепак, според информациите на националниот центар за туризам, Русите сѐ уште водат меѓу сите странски туристи кои доаѓаат во Финска. Според резултатите од минатата година, бројот на руски туристи во Финска изнесува 1,6 милиони лица. Тоа е повеќе од туристите од Британија, Германија и Шведска земени заедно.

Како што појасни Асикајнен, најчесто во Финска доаѓаат жителите на Москва и Санкт Петербург. Рускиот турист во просек дневно троши по 120 евра во Финска, додека европскиот турист - 80 евра на ден. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња