Министерот за спорт на РФ: Рускиот фудбал назадува

Руската репрезентација изгуби од репрезентацијата на Австрија во квалификацискиот натпревар за Европа 2016.

Неповолните тенденции и резултати за време на настапите на руската фудбалска репрезентација кажуваат дека домашниот фудбал во последно време назадува, изјави министерот за спорт Виталиј Мутко во интервју за „Спорт експрес“.

„Се вративме во 2005 година, кога моравме да започнеме практично од нула. И тоа во услови на неповолни тенденции во развојот на рускиот фудбал и лошите настапи на нашата кадетска репрезентација. Целосно е очигледно дека во последно време одиме наназад“, ги пренесува РИА Новости зборовите на Мутко.

„Не сакам да се продлабочувам во анализи на некоја конкретна игра. Сега е потребна глобална анализа. Комплексна и промислена“, изјави Мутко, додавајќи: „Мислам дека тоа ќе го направиме во текот на наредните денови, по што ќе соопштиме за донесената одлука. Уверен сум дека мора да се извршат кардинални промени. Посебно ако се земе предвид дека има уште малку време до 2018“.

Фудбалската репрезентација на Русија во Виена претрпе пораз од австрискиот тим со резултат од 0:1 за време на натпреварот од квалификацискиот турнир за Европа 2016. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња