Русија го заврши производството на првите оклопни автомобили „Рис“

Оклопниот автомобил е заеднички проект на Русија и Италија.

Русија го заврши производството на првите 358 оклопни автомобили Iveco LMV-M65, попознати под името „Рис“, пренесува Jane's.

Оклопниот автомобил "Рис"

Според првичните планови, планирано е производство на 1.775 оклопни возила во вредност од 1 милијарда долари.

Производството на овој оклопен автомобил е договорено од претходниот министер за одбрана на Русија Анатолиј Сердјуков со италијанската компанија. 

Новиот министер за одбрана на Русија Сергеј Шојгу реши да го насочи своето внимание кон развој на рускиот воено-индустриски комплекс, па затоа започна со сериско производство на рускиот аналог на „Рис“ - „Тигр“.

Како резултат на тестирањата, Министерството за одбрана на Русија дојде до заклучок дека рускиот оклопен автомобил има подобри карактеристики од „Рис“. 


Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.