Шефот на Роскосмос Олег Остапено изјави дека руските космонаути ќе можат да го посетат кинескиот вселенски модул „Тјангун-1“во рамките на размената на искуство. Ова го пренесува РИА Новости.
„Што се однесува до можните проекти во сферата на пилотираната програма, Кина е заинтересирана за тоа“, изјави Остапенко.
„Не е исклучена варијантата во рамките на сѐ пошироката соработка со Кина да ја разгледаме и можноста за испраќање на нашите космонаути на кинеската станица, а во перспектива да ги видиме кинеските тајконаути во нашиот сегмент на Меѓународната вселенска станица“, додаде шефот на Роскосмос.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.