Дојде време да се создаде нов систем за безбедност во Европа, изјави поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов на симпозиумот „25 години од падот на Берлинскиот ѕид“. Свеченоста беше посветена на наоѓањето нови патишта за надминување на проблемите меѓу Западот и Русија, пренесува ТАСС.
„Треба да се признае дека ОБСЕ не ја извршува добро својата задача“, забележа Горбачов. Тој подвлече дека организацијата ги исполнува контролните функции во Украина и дека не станува збор за нејзино укинување. Сепак, Горбачов потсети на идејата на поранешниот министер за надворешни работи на Германија, Ханд-Дитрих Хеншер за создавање на совет за безбедност за Европа. Поранешниот шеф на СССР направи паралела со аналогната идеја на Дмитриј Медведев, која предвидува создавање механизам за превентивна дипломатија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче