Руските власти нема да воведуваат никакви санкции против САД во сферата на научната соработка. Како што соопштува РИА Новости, ова е изјавено на конференцијата на RASA од страна на амбасадорот на Русија во САД, Сергеј Кисљак.
„Никакви санкции во сферата на научната соработка нема да воведуваме. Русија е и ќе остане отворена за заинтересираните страни во сферата на науката“, изјави рускиот амбасадор.
Кисљак подвлече дека Москва „е заинтересирана за развивање на нормална соработка меѓу научниците“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче