Политиката на многу земји може да биде веројатната причина за намалувањето на светските цени на нафтата, бидејќи низа земји го користат тој механизам во периоди на криза, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин, а пренесува РИА Новости.
„Во цената на нафтата секогаш е присутна и политичка компонента. И не само тоа, во одредени кризни моменти се добива впечаток дека политиката преовладува во формирањето на цените на енергенсите“, изјави Путин во интервју за кинеските медиуми пред посетата на Кина, каде ќе учествува на самитот АТЕС од 9 до 11 ноември.
Шефот на руската држава во интервју за кинеските медиуми ги наведе и економските фактори за намалувањето на цените на нафтата, а меѓу нив е и намаленото темпо на раст на светската економија. Освен тоа, претседателот истакна дека стратешките и комерцијалните резерви нафта во развиените земји се поголеми од било кога. Дојдоа до израз и иновациите и технологиите на експлоатација на нафтата, кои, пак, доведоа до појава на нови количини фосилно гориво во регионалните пазари, нагласи Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче