Западни медиуми: откажувањето на Русија од подготовките за нуклеарниот самит е знак за влошените односи со САД

Откажувањето на Русија од подготовките за Самитот за нуклеарна безбедност е уште еден знак за влошените односи меѓу Москва и Вашингтон, пишува The New York Times.

Откажувањето на Русија од подготовките за Самитот за нуклеарна безбедност е уште еден знак за влошените односи меѓу Москва и Вашингтон, пишува The New York Times.

Претходно во руското МНР беше изјавено дека „не можат да се согласат произволно формираните работните групи од ограничен состав, како што е планирано во Вашингтон, да подготвуваат документи за меѓународните организации како ООН, МАГАТЕ, „Глобалната иницијатива за борба со нуклеарниот тероризам“. Исто така, објавено е дека во моментов Москва планира да се фокусира на зацврстување на соработката во рамките на МАГАТЕ.

 Како што забележува американскиот весник, самитот во Вашингтон бил планиран како сумирање на осумгодишната работа на претседателот на САД, Барак Обама, односно блокирање на нуклеарниот материјал во целиот свет. Во 2016 година претседателскиот мандат на Обама истекува, пишува изданието. Сега се појавуваат стравови дека без Русија - единствената држава, чиј нуклеарен потенцијал може да се спореди со американскиот, - тие обиди во голем степен ќе го изгубат своето значење, се кажува во статијата.

Решението на Москва е донесено на фонот на прекин на голем дел руско-американски врски, како и воведување санкции поради Украина, додава изданието. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња