SWIFT нема да воведува санкции против Русија

Претходно беше објавено дека руската ВТБ банка води преговори со Сбербанк за создавање аналог на SWIFT.

Меѓународниот банкарски систем SWIFT изјави дека се врши притисок од неколку држави за приклучување кон санкциите против Русија, изјави шефот на претставништвото на SWIFT во Русија, Метју де Хиринг, пренесува РИА Новости.

„Жал ни е поради притисокот што ве врши врз нас за да воведеме ограничувања во Русија... Сепак, ние треба да си ја вршиме својата работа“, изјави тој на меѓународниот финансиски форум во Казахстан.

Според неговите зборови, доколку се донесат санкции, тие ќе ја намалат улогата на SWIFT како системски инструмент кој е достапен во 99,99% од случаите. Хиринг забележа дека SWIFT работи соодветни законите на Европската унија. „Т.е., ако преку соодветните правни канали нашиот регулатор побара примена на одредени барања, тогаш и ние ќе бидеме принудени да се потчините и да ги почитуваме тие барања“, изјави тој.

Претходно беше објавено дека руската ВТБ банка води преговори со Сбербанк за создавање аналог на SWIFT.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња