Русија и Индија разговараа за започнување заедничко производство на авионот Sukhoi Superjet 100. Ова за руските новинари го изјави вицепремиерот на владата на Русија, Дмитриј Рогозин после заседанието на руско-индиската меѓувладина комисија за трговско-економска, научно-техничка и културна соработка.
„Станува збор за локализација на производството на SSJ-100 во Индија“, подвлече тој. Авионот може да се произведува овде, како за потребите на индискиот пазар, така и заради заеднички настап на пазарите на трети држави“.
Според неговите зборови, „Индија исто така изрази заинтересираност за авионот MC-21“, кој “во целост одговара на потребите на индискиот пазар“, како по бројот на патнички места (180), така и по радиусот на лет (до 5.000 километри).
Рогозин забележа дека „првиот лет на МС-21 треба да се случи во 2016 година, а почетокот на сериското производство - во 2017 година“.
Според зборовите на Рогозин, Русија и Индија можат да започнат заедничко производство на модулите за прием на сигнали од сателитскиот систем ГЛОНАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче