Русија ја презеде врз себе одговорноста за нуклеарните објекти на Крим

Русија ќе дозволи инспекции на нуклеарните објекти на Крим.

Русија ја презеде врз себе одговорноста аз нуклеарните објекти на Крим, пренесува ТАСС.

Оваа изјава ја даде Александар Панкин, заменик на постојаниот претставник на Русија во ООН како одговор на тврдењето на Киев дека со приклучувањето на Крим кон Русија „се прекршува режимот на нераспространување на нуклеарен материјал“.

„Русија презеде врз себе целосна одговорност за нуклеарните објекти во нејзините нови субјекти. Освен тоа, Руската Федерација изрази подготвеност да им овозможи пристап на соодветните агенции до објектите, доколку се појави интерес за тоа, за да се изврши целосна проверка дали се постапува соодветно со материјалот со кој се ракува“, изјави Панкин.

Претходно е објавено дека Русија ќе му дозволи на МАГАТЕ да изврши инспекции на нуклеарните објекти на Крим. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња