Украинските власти се договорија со Меѓународниот монетарен фонд да ги плаќаат зимските испораки гас од Русија со помош на сопствените валутни резерви, изјави шефот на Националната банка на Украина, Валерија Гонтарева, а пренесува РИА Новости.
„Успеавме да се договориме со ММФ сите плаќања поврзани со гасот да ги извршиме директно со нашите валутни ресурси - ММФ нѐ поддржува во тоа, и затоа нема сомнежи дека трансакциите кои треба да ги направиме кон ’Гаспром’ ќе ги извршиме“, појасни таа на брифингот во Киев.
Претходно беше соопштено дека ММФ и ЕУ ќе испратат финансиска помош во Украина за да може да се плати рускиот гас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче