Етингер: Украина ќе плати 3 милијарди долари од долгот за гас до крајот на годината

Претходно беше соопштено дека Русија, Украина и Европската унија потпишаа трилатерален договор за испорака на гас во зимскиот период.

На конференцијата за печатот после трилатералните преговори за испорака на гас, вицепретседателот на Европската комисија, Гинтер Етингер изјави дека Украина до крајот на оваа година ќе го исплати долгот кон Русија за испорачаниот руски гас во висина од 3,1 милијарди долари, соопштува РИА Новости.

Според зборовите на Етингер, 1,45 милијарди долари Украина веднаш ќе плати, и со тоа ќе биде елиминиран долгот за испораките во ноември и декември 2013 година, како и за април-јуни 2014 година.

„До крајот на годината ’Нефтогас’ ќе ја исплати втората транша за покривање на останатите сметки за гасот, т.е. околу 1,65 милијарди долари“, додаде Етингер.

Претходно беше соопштено дека Русија, Украина и Европската унија потпишаа трилатерален договор за испорака на гас во зимскиот период. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња