Чешките специјални служби забележаа раст на активноста на „руските шпиони“

Според податоците на Службата за безбедност на Чешка, руските шпиони ги користат чешките политичари и новинари за да ги заштитат своите економски интереси.

Русија започна голема шпионска активност преку својата амбасада во Чешка, изјави службата за безбедност на Чешка во годишниот извештај, објавен во понеделникот. Според податоците на извештајот, Чешка веќе одамна предупредува на активноста на руските специјални служби на својата територија, пренесува Ројтерс.

Службата за безбедност и информации на Чешка соопштува дека руските и кинеските шпиони најчесто ги користат политичарите и новинарите за да го распространат свето влијание и да си ги заштитат економските интереси на своите држави.

„И руската и кинеската амбасада најмуваат офицери за разузнавање. Во 2013 година бројот на такви соработници значително е зголемен“, се забележува во извештајот.

Службата за безбедност ги предупредува руските специјални служби поради зголемената шпионска активност во Чешка и вовлекувањето на чешките граѓани во неа, се кажува во извештајот. Освен тоа, Чешка планира да не издава визи на оние Руси, кои, според податоците на Службата, се поврзани со руските специјални служби и шпионажа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња