Пушков: Путин нема да му даде на Обама да стане „претседател на планетата Земја“

Според неговите зборови, никој не го избрал Обама за таа улога.

Претседателот на Русија, Владимир Путин му пречи на Барак Обама да стане „претседател на планетата Земја“, изјави претседателот на комитетот во Државната дума за меѓународни односи, Алексеј Пушков.

„Путин, секако, не е 'лесен' за Обама: поради него Обама не успева да стане 'претседател на планетата'. А и не знам некој да го избрал Обама за таа улога“, изјави тој на Твитер.

Според неговите зборови, „говорот на Путин бил критички кон САД, но не антиамерикански. Но во САД не прифаќаат критика: прифаќаат само лошо скриено восхитување“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња