Роскосмос до крајот на 2014 година ќе добие предлог за создавање на супертешка ракета

Роскосмос прибира предлози за создавање супертешка ракета-носач.

Началникот на Управата за инфраструктура во Роскосмос, Андреј Мазурин изјави дека Роскосмос до крајот на 2014 година планира да добие технички предлози за создавање на руска супертешка ракета-носач. Ова го пишува РИА Новости.

„Очекуваме до крајот на годината да добиеме предлози од водечките претпријатија“, изјави Мазурин.

Тој уточни дека овие предлози ќе помогнат да се избере оптималната варијанта за создавање на таков носач.

Претходно беше соопштено дека во космодромот Восточни започнала изградбата на комплексот за лансирање на ракетата-носач „Ангара“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња